Skip to main content

Општина Охрид

Забраната е на сила, се вршат само неопходни санации на инфраструктурата

За сите други градежни активности во подрачјето од градот опфатено со забраната, од општината ги повикуваат фирмите и граѓаните да се воздржат од било какви градежни зафати за време на туристичката сезона.
Општина Охрид

Градежните зафати на ул „Даме Груев“ , за кои реагираа граѓани преку рубриката ТиСиТвојотГрад се изведуваат по налог на Општина Охрид со цел санација на коловозот.

На потегот предходно била изведувана канализациона линија поради проблеми со запушување. Откако коловозот бил вратен во првобитна состојба по зафатот на канализационата мрежа, се појавила потреба од дополнителна интервенција на асфалтот.

Од Општина Охрид посочуваат дека Одлуката на градскиот Совет за забрана на градежни работи во централното подрачје во периодот од 1 јули до 1 септември е на сила и доследно се спроведува.

Oдредени градежни работи и интервенции се одвиваат само како неопходна санација на инфраструктурата кои не може да бидат одложени. “ – потенцираат од општината.

Притоа екипите кои работат на одредени неодложни интервенции вложуваат напори истите да се одвиваат во што е можно пократок рок, според условите и обемот на работа, со цел да не се попречува нормалното функционирање на граѓаните и туристите во летната сезона.

За сите други градежни активности во подрачјето од градот опфатено со забраната, од општината ги повикуваат фирмите и граѓаните да се воздржат од било какви градежни зафати за време на туристичката сезона.

Нели ќе немаше градежни работи во сезона, прашуваат жители на ул. Даме Груев | Портал ТВМ (tvm.mk)

Од утре стапува на сила забраната за градежни работи во Охрид | Портал ТВМ (tvm.mk)