Skip to main content

Се заоструваат критериумите за дејноста такси возач

Се заоструваат критериумите за дејноста такси возач

 |  Валентина Неловска  | 
такси
такси

Таксистите за да возат ќе мора да полгаат и  да добијат сертификат за работа. За да дојдат пак, до лиценца  ќе мора да се подготвуваат и да знаат „Колку е висока Самоиловата тврдина“, Кои фестивали на песни и игри се одржуваат во  Охрид, или Кога  е откриена Златната маска, ова се само дел од 300 прашања во прирачникот со кој такси возачите ќе стекнуваат сертификат за работа. Поголем број таксисти имаат забелешки  на прашањата од  прирачникот,  но и за полагањето на англиски јазик како и на цените кои треба да ги издвојат од буџетот, за да ги платат и тоа 5000 денари за полагање англиски јазик и 4500 денари за сертификатот.

такси„ Има премногу области од археологија, од полагање за возачки испит, биологија, од Законот за прекршоци и глоби, 60-70 прашања. Тие се прашања кои не би требало да се најдат во овој прирачник за добивање на сертификат за автотакси превозници, да се сведат на минумим , да има најосновни прашања што се за дејноста таксист, да не се оптоварат возачите без потреба со прашања,“ вели еден долгогодишен  таксист кој сака да остане анонимен.

Таксистите велат дека  е мал бројот на нивни колеги кои  ги прифаќаат новините и прирачникот. Тие се жалат дека немаат легитимно здружение кое ќе ги преставува нивните интереси. Како што велат се надеваат дека по регистрирањето на здружението на такси возачи ќе бараат промена на правилникот.  Се жалат дека во секојдневна потрага по егзистенција немаат време за подготвување на така обемен  и според нив  непотребен прирачник.  Сметаат дека  е доволно да знаат основни работи. Додаваат дека  немаат ништо  против тестирањето за проверка на општото знаење и здравстената состојба на таксистите.

такскиОд СВР Охрид пак велат дека овие сертификати за нив се значајни бидејќи преку полагањето на соодветни сообраќајни тестови ќе се доаѓа до  лиценци.  

„ Велам значајни бидејќи со овие сертификати ќе се зголеми степенот на почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на такси возачите, ќе се зголеми степенот на култура на такси возачите и ќе се елиминираат сите можни проблеми кои во изминатиов период и ние како полиција сме ги регистрирале. Тука мислам на елиминирање на можни сообраќајни незгоди во кои во еден дел биле вклучени и такси возачи“, вели Димоски.

Правилникот по кој треба да се подготвуваат таксистите за да се стекнат со сертификат го изработила  фирма од Скопје. Станува  збор за фирмата „Здружение на работници од дејноста на сообраќајот“, која е овластена за обуките, а е избрана на тендер од Локалната самоуправа како единствено пријавена фирма.    
Во Охрид од такси превозот егзистираат семејствата на околу 450 такси возачи. Досега обука пред овлстената фирма поминале над 200 таксисти, а во Локалната  самоуправа за полагање се пријавиле над 60.   
Таксистите треба до крај на 2016 година да се стекнат со вакви сертификати за да можат да работат.

{loadposition content9}