Булеварот „Македонски Просветители“ добива нов модерен изглед. Откако беше поставено ново осветлување, како и сообраќајни знаци, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ од утринава се на терен и засадуваат дрвца и цвеќиња на предвидените места.
Рано утрово се започна со припрема и садење на зелен појас на бул. Македонски Просветители – информираат од ЈП „Охридски Комуналец.
Проектот предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Нов дрворед, од двете страни и среден разделен цветен појас.
Инаку, на дел од улицата „Македонски Просветители“ и на дел од улицата „Димитар Влахов“ деновиве е воспоставен нов времен режим на сообраќај заради интензивирање на градежните работи на улицата „Македонски Просветители“.