Skip to main content

Националeн сојуз за планинско спасување

Седми ден трае потрагата по турист од Белгија, доколку некој го забележи да пријави на 112

Лицето последен пат е забележано во атарот на с. Лакајца, струшко, на 18ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката.
 |  инфодеск  | 

Седми ден трае потрагата по туристот од Белгија, Националниот сојуз за планинско спасување (НСПС) денес со апел ако некој го забележал или го забележи да пријави.

– Лицето последен пат е забележано во атарот на с. Лакајца, струшко, на 18ти септември како се движи по позната патека High Scardus Trail и очекувано е да помине низ Вевчани, Охрид и НП Галичица се до манастирот Св.Наум, каде што завршува последната етапа од патеката. Замолуваме доколку некој го забележи или веќе го има забележано во изминатите денови, да ја сподели информацијата со операторите на 112 или да пријави во најблиската полициска станица, апелираат од НСПС.

Од НСПС предходно информираа дека во соработка со Интерпол, Граничната полиција и Планинската спасителна служба од Косово, пребарани се етапи од рутата по која се движел туристот, од македонска и албанска страна, но за жал, не е пронајдена ниту една трага од него.

Од СВР Охрид информираат дека станува збор за 72 годишниот Ј.М. од Белгија кој е пријавен за исчезнат на 18 септември од страна на амбасадата на Кралството Белгија. Лицето имало планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар (Битуше) и на север кон Албанија. Со помош на дрон, извршена е потрага и опсервација на теренот, но лицето не е пронајдено и не се пронајдени предмети и траги кои укажуваат на присуство на лицето на наведениот терен, информираа од СВР Охрид.