Skip to main content

Седница на Советот на Општина Охрид

Седницата ќе се одржи овој петок во зградата на општина Охрид со почеток во 10,00 часот.

 |  Голабовски Крсте  | 
sednica

sednicaНа дневен ред на 47-то издание на седницата на советот ќе се најде Предлог Одлука за усвојување на Развојната Програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Oхрид за 2016 – 2018 година, како и Програмата за поддршка на локалниот економски развој, за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Oхрид, за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија за наредната 2016 година.

Советниците ќе ги усвојуваат активностите на општина Охрид во областа на образование, детска заштита , спорт и рекреација, културни манифестации, заштита на животната средина, одржување на јавнa чистота и други области за наредната 2016 година.

Ќе се дискутира за Предлог Одлука за извршување на Буџетот на општина Охрид за 2016 година и насоките на работа на јавните претпријатија.