Skip to main content

Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување

Изградбата на затворениот зелен пазар со јавно приватно партнерство за позицијата најидеално решение, а за опозицијата манипулација со граѓаните. Оваа точка на дневен ред на денешната седница предизвика жестоки полемики  меѓу градските избраници. Во нејзина сенка останаа останатите точки  низ кои набрзина се прелета.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica
седница

Изградбата на затворениот зелен пазар, камен на сопнување на 36та седница на совет. Одлуката за избор на приватен партнер за изградба на административно деловно трговска зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар неприфатлива за опозицијата во советот. Координаторот Јован Стојаноски рече дека ова е уште еден пример на раскрчмување на општинскиот имот.

Ние не сме против реализација на капитални проекти корисни за градов но сме против ваквиот начин на нивна реализација. Ваквите се неповолни и не се во интерес на граѓаните.Во општинава не остана веќе педа земјиште што е нејзино. Се се раскрчми , вели Стојаноски.седница

И советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски рече дека изградбата на зелениот пазар со јавно приватно партнерство е

Вмро ДПМНЕ уште еднаш манипулира со граѓаните. Ветија дека капиталните проекти ќе ги реализираат со пари на општината или на Владата на РМ а сега бараат пазарот да го градат со јавно приватно партнерство од што најмногу добива партнерот а не општината, вели Станкоски.

Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески, пак рече дека конечно се реализира идејата за изградба на модерен пазар која многумина претходно ја кажувале но до сега никој не успеал да ја реализира. Договорот за јавно приватно партнерство е во интерес на градот Охрид, рече Спасески. Зелениот пазар во Охрид ќе го гради градежната компанија АД „Илинден“ од Струга која е реномирана фирма и со тоа се докажува дека општината работи во интерес на граќаните, додаде секретарот.

Оние кои дваесет години бегале од раализација на овој проект избегаа и сега. Ние не запираме тука. Ќе ги реализираме сите капитални проекти кои ги ветивме. Како што рече Градоначалникот ова е само почеток, вели секретарот на општината.sednica

Но, обраќањето на секретарот не го проследија советниците од опозицијата бидејќи ја напуштија седницата. Причина за тоа беше  незадоволството од како што рекоа, прекршувањето на деловникот за работа од страна на претседавачот на совет.

Претседателката не требаше да му даде збор на секретарот туку најпрво требаше да дозволи овластениот претставник на Локалната самоуправа Тони Иваноски да одговори на поставените прашања поврзани со техничката документација за изградба на зелениот пазар. Се направи технички пропуст и поради тоа ја напуштивме седницата, рече Стојаноски.

По завршувањето на излагањето на секретарот Спасески опозиционерите се вратија во советничките клупи. По завршување на расправата, Советот со 15 гласа за и 6 против, ја изгласа одлуката за изградба на затворен зелен пазар во Охрид по пат на јавно приватно партнертство. После тоа следуваа точките за донесување одлуки за давање согласност на одлуката за утврдување на цените на услугите на јавните претпријатија. Станува збор за интерно усогласување на цените помеѓу општината и јавните претпријатија што не ги засега граѓаните. Поминаа и точките за помош на настраданите во поплавите и пожар како и точките од сферата на урбанизмот.

{loadposition content9}