Skip to main content

Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид

Усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Од ваквата одлука на градските избраници накои задоволни, а некои не.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sednica
седница

Експресно завриши продолжението на педесет и седмата седница на Советот на Општина Охрид. На седницата беа усвоени одлуките за програмите за работа на ЈП “Охридски Комуналец“ и ЈП “Градски гробишта “ за 2013 – та година. Директорот на Комуналец вели дека програмата за работа на ова претпријатие за 2013та се надоврзува на онаа од 2012та. И оваа година ќе се работи на подигање на јавната чистота па за таа цел многу скоро низ целиот град ќе бидат поставени канти за отпадоци.sednica

Сашо Алче вели дека и оваа година продолжуваат со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“ а ќе го прошират во делот на паркови и зеленило. Во план е изградба на повеќе паркови низ градов.

Од ЈП “Градски гробишта “ велат дека приоритет за 2013 год доколку дозволат финансиските услови ќе им биде долгорочниот закуп на земјиште заради оформување на нови гробни парцели, правење канализациона мрежа за отпадните води, асфалтирање на северната старна на гробиштата и на други патеки во должина од 1км и електрификација на градските гробишта. Ова Јп во ова година очекува 21мил и 200 000ден. Приход, а 20мил и 300 000ден расход.

Од советничката група на ВМРО ДПМНЕ гласаа против усвојување на одлуките за програми8те за работа на  овие две јавни претпријатија. Координаторот Дејан Пановски вели дека и овие одлуки како и многу други донесени претходно без нивна согласност не се во интерес на градот.

Советот на градот во овој состав ќе заседава најверојатно уште две седници бидејќи како што е веќе познато локалните избори ќе се одржат на крајот на март после што  ќе се конституира новиот совет.

{loadposition content9}