Деновиве преку Програмата за развој на Обединетите Нации/ УНДП, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” обезбедена е и монтирана опрема, со која ќе се обезбеди пренос во живо на седниците на советот на општина Дебрца.
Останува да се инсталира софтверот и да се отвори YouTube канал, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.
„Наша континуирана заложба е да обезбедиме отворена и транспарентна општина.“ – посочува градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.
Ногалески додава дека нивните заложби за транспарентност се докажуваат и преку мерењата на индексот на активна транспарентност од страна на релевантни институции, каде општина Дебрца за неколку години од општина со слаба /многу ниска транспарентност се искачи меѓу институциите со многу добра транспарентност.