Писателите преку стихови и анегдоти на настанот „Писателите за писателот Тоде“ денес во НУ Библиотека „Григор Прличев“ се потсетија на својот починат колега и чест собеседник Тоде Илиевски.

– Да беше жив Тоде утре ќе го славеше 73 роденден, рече в.д директорката на библиотеката Христина Трпеска која ги потсети присутните на животот и делото на писателот Илиевски.
Илиевски едно време беше директор на Библиотеката а од оваа установа замина во пензија.
Библиотекарот м-р Милчо Јованоски како сублимат од денешната средба ја обелодени неговата идеја догодина во чест на Тоде да биде подготвена книга со анегдоти од неговите колеги од Охрид, Струга и пошироко.

Во колективната меморија Илиевски ќе остане запаметен како поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и создавач на шаховски проблеми од Охрид.