Skip to main content

Се сеќавате ли?

Онa што некогаш ни претставуваше најкористено средство за комуникација,  денес се само стари кутии кои тук таму можеме да ги најдеме на некој заборавен агол од градот.

 |  Голабовски Крсте  | 
говорница
govornica

говорницаОнa што некогаш ни претставуваше најкористено средство за комуникација,  денес се само стари кутии кои тук таму можеме да ги најдеме на некој заборавен агол од градот.

Одамна како сите да ги имаме заборавено јавните телефонски говорници.

Сега телефоните ги носиме со себе, напредокот на мобилната телефонија и интернетот направија  да ги заборавиме навиките за користење на овие комуникациски средства или едноставно тие ја надживеаја својата корисност.

Сега неможе  да се види како некој телефонира од говорница, бидејќи малку веројатно дека во Охрид има функционална јавна говорница, а онаа што ја најдовме беше нефункционална, секако со прашина како единствен потсетник дека нејзиното време одамна поминало.

говорницаИако бројот на телефонски говорници со тек на времето драстично се намалува, што е и неминовност,во големите светски метрополи,  сепак јавни телефонски говорници сеуште се наоѓаат на фреквентни места, како што се автопатиштата и аеродромите, потоа во установите како што се болници и затвори.

Инаку на времето, Македонски телеком низ земјата имаше поставено 1850 јавни телефонски говорници.

{loadposition content9}