Skip to main content

Секнаа средствата од ЕУ за партнерство со соседна Албанија

За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија.

 |  Валентина Неловска  | 
sosedi
sosedi

За невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и  општините секнаа парите за партнерство со соседна Албанија. Одлуката да се пренаменат
средствата од ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија ќе има сериозен финансиски удар врз институциите за кои беа наменети. Неискористените средства од програмата за 2012 и 2013 година  ќе бидат пренаменети  за уредување на граничните премини во Дебар и Табановце, информира Гоце Симоноски, раководител на Тлер и  член на Мониторинг Комитетот.
partnerstvo
„ Реагиравме по однос на ова прашње до заедничкиот комитет за програмата за Македонија и Албанија. Жално е овие средства за кои институциите можеа да аплицираат за економски развој или туризам, наместо да се отворат границите за слободен проток на стока, бизнис, решавање на економски проблеми овие средства да се искористат за подобрување на граничните премини“, вели Симоноски .  

За тоа како ќе се одрази  ново настаната ситуација, чија е одлуката и зошто се пренаменуваат средствата одговор побаравме од  Милма Мехмети, државен советник за евроинтеграции, при Министерството за Локална самоуправа. Мехмети  со коментар дека оваа одлука е навистина сериозен удар за институциите заинтересирани да ги  користат  овие средства. Институциите само што станаа повешти до доаѓање на средствата од предпристапните фондови сега таа можност им се скратува. Европската комисија ја донесе оваа одлука да се пренаменат средствата од Ипа програмата од оваа компонента, кратко нагласи Мехмети.     
На институциите од нашиот регион заинтересирани  да користат средства од Ипа програмата за прекугранична соработка засега им останува проектот за соработка меѓу Македонија и Грција.  Мониторинг комитетот ќе се состане на 20 декември во Солун. Очекуваат информации за досегашните аплицирани проекти од областа на екологијата, вели Симоноски.

„ Во вториот повик од програмата за Македонија -Грција имаме аплицирано со два проекти , за управување со води за системот за заштита од поплави кој го работиме со Воден и Кожани, а имаме аплицирано и за преработка на бетон и асфалт, негов третман и повторно искористување во градежните работи“.

Во рамките на сопствените капацитети  општина Охрид е задоволна од досегашните искористени средства  од ИПА програмите, кажува Симоноски. Досега се искористени од ИНТРЕК програмите значајни проекти, како што се  Сускулт кој  се имплементира заедно со Венеција до 2014 година и Духот на Охрид.  

{loadposition content9}