Skip to main content

Секој има право да биде вработен

Секој има право да биде вработен. Само со намалување на невработеноста ќе ги задржиме младите во градов и во државата. На оваа тема денес во Охрид се одржа панел дискусија организирана од  Институт за економски истражувања и политики.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од Охрид секојдневно заминуваат млади лица кои се во потрага по подобри услови за живот. Според едно истражување кое го направи Младинскиот совет од Охрид дел од младите заминале во Скопје каде и планираат да останат и да формираат семејства, а добар дел заминале во странство и тоа во Германија, Австрија, Америка и Австралија.

Поголемиот дел се заминати таму во потрага по работа, заминуваат и поради тоа што во странство многу лесно можат да го решат стамбеното прашање, а и заради тоа што лесно наоѓаатвработување по струка, Димче Каневче, Младински совет -Охрид.

И истражувањето на Младински совет покажало дека една од најголемите причини за иселувањето на младите е невработеноста. Од Центарот за социјални грижи потврдуваат дека има невработени во Охрид, но додаваат дека тие  преку разни обуки ги стимулираме невработените лица да се квалификуваат за тие струки за кои нема кадар во градов за полесно да си најдат вработување.

Оскудеваме со медицински лица,  односно доктори, нема и заварувачи кои многу се бараат на пазарот на трудот. Доктори нема бидејќи најголем број заминаа во странство, а младите не сакаат да станат заварувачи бидејќи е потешка струка, вели Маја Ташева Биткоска, Центар за социјални грижи- Охрид.

Секој има право и може да биде вработен. На оваа тема денес во Охрид се одржа панел дискусија организирана од  Институт за економски истражувања и политики. Посебно стана збор за лицата кои се во социјален ризик како полесно да се вработат.

Може да дојде и до конкретни вработувања бидејќи помагаме лицата да дојдат до контакт со работодавачите. Организиравме и средба кафе со работодавач каде исто така можеа да остварат контакт и на тие средби дојде и до едно вработување, вели Наташа Павиќевиќ Стојменовска, аналитичар на на социјални политики.

Институт за економски истражувања и политики во соработка со невладините организации, Центрите за социјална работа како и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со вакви средби и низ другите градови на Македонија.