Охридските музеи и културно историски споменици подостапни за граѓаните. Секој прв ден од месецот бесплатни влезници за посетителите.
Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите Ве известуваме дека влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1 (први) април 2023 година – информираат од Завод и музеј Охрид.
Објекти отворени за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.