Хит претстава
Секс лаги и љубомора и во среда пред охриѓани
Хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ по барање на публиката ќе се прикажува и во среда на 2-ри ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
По барање на публиката Хит претставата „Секс, лаги и љубомора” ќе се одигра и во среда на 02.11.2022 со почеток во 20 часот. Влезот ќе чини 200 денари.
Напоменуваме дека билетите се пуштаат на билетара во понеделник 31.10.2022 г. од 10.00 – 20.00 часот. Резервации за претставата не се примаат и се продаваат само на билетара по принцип ПРВ ДОЈДЕН -ПРВ Услужен – информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид.


