Skip to main content

Секторот за урбанизам ќе се зајакнува со архитекти

Секторот за урбанизам ќе се зајакнува со архитекти.

 |  Валентина Неловска  | 

plaosnikЛокалната самоуправа  ќе формира Комисија за урбанзиам составена од архитекти. Тоа го налагаат најновите законски измени од Законот за урабанистичко и просторно планирање кои стапуваат на сила од овој месец.. Од општина Охрид очекуваат голем интерес на јавниот повик  на кои треба да се пријават дип. инж архитекти, напоменува портпаролот Томе Џамтоски.

„ Законот налага да има таква комисја секоја ЛС , а ќе значи зајакнување на капацитетот од работата на тој дел од  Локалната самоуправа“, подвлекува Џамтоски.
ls
Комисијата за урбанизам ќе биде составена од 7- мина архитекти.  5 – мина од нив ќе бидат внатрешни членови кои веќе се вработени во Локалната самоуправа и  двајца ќе се бараат од приватниот сектор.
„ Во јавниот повик она што го налага легислативата е пријавените кандидати да имаат завршено висока стручна спрема, да се дипломирани архитекти и да поседуваат овалстување за изработка на урабанистички планови“,  дополнува Џамтоски што треба пријавените надворешни кандидати да имаат во работното портфолио.  

Комисијата за урбанизам на руралните општини, пак треба да е составена од три члена. Од нив двајца да се носители на овластување за изработка на урбанистички планови,  а еден да е стручно лице од областа на урбанистичкото планирање.