Skip to main content

76-годишен охриѓанец приведен по семејна расправија и пукање во воздух

По целосното расчистување и документирање на случајот, против 76-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 |  инфодеск  | 

На 5 октомври 2026 година, во 19:15 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода 76-годишен охриѓанец.

Според информациите од полицијата, тој претходно во семејниот дом физички нападнал член на своето семејство, а потоа испукал два куршуми во воздух од пиштол.

При извршениот увид и претрес во домот, со судска наредба, полициските службеници го пронашле и одзеле пиштолот.

По целосното расчистување и документирање на случајот, против 76-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.