Два случаи на семејно насилство во полицискиот билтен од СВР Охрид
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13 август во 19:00 часот, полициски службеници лишиле од слобода 76-годишен охриѓанец, по претходна пријава дека агресивно се однесувал во домот и им се заканувал на неговата ќерка и внук, при што употребил и остар предмет. Предметот бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во СВР Охрид бил извршен службен разговор со 49-годишен охриѓанец, по пријава дека во последниот период, по завршувањето на бракоразводната постапка, агресивно се однесувал во домот и ѝ се заканувал на неговата 39-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







