Skip to main content

Семејството е центарот на енергијата за неговите ангажмани

Семејството е центарот, од каде што ја црпам енергијата за моите ангажмани, вели Александар Петрески, кандидат за градоначалник од СДСМ.

 |  Татјана Маленкова  | 
Aleksandar Petreski
Александар Петрески
Семејството е центарот, од каде што ја црпам енергијата за моите ангажмани, вели Александар Петрески, кандидат за градоначалник од СДСМ.

Топла, семејна атмосвера, полна куќа со луге. Гостопримливи, комуникативни, расположени. Тоа е првиот впечеток кој го добивме по влегувањето во домот на Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ. Живее во семејна куќа со родителите Наум и мајката велика, и 4 членото семејство на неговиот брат.

Александат е оженет со сопругата Даниела со која се заедно од средношколските денови, во брак 20 год. Плод на нивната љубов се нивните две деца , синот Виктор кој е прва година на факултетот за архитектура во Скопје, и керката Елена, милничката на тато,која е втора година во Центарот за средно образование СВ. Климет охридски.

„Целата енергија, целата моја снага,за сите мои досегашни успеси ја црпам од бескрајната љубов почит и рабирање на моето семејство„, вели Петрески.

Александар е темпераментен, педантан и вреден од дете.Тој е гурман и сака да троши. Отсекогаш бил таков, раскажува мајка му Велика. Петрески пак, за себе вели дека е упорен  во своите намери,а кога има проблем се додека не го реши, неможе да спие.

semejstvo PetreskiГолема подршка во животот на Петрески е неговата сопруга, Даниела. Таа вели дека е напорно да се биде сопатник на еден успешен и енергичен човек, но истовремено е и голем предизвик. Кај Александар најмногу го сакам тоа што професионалните проблеми ги остава надвор од нашиот домвели Даниела.

Петрески е голем љубител на спортот, особено на шахот и кошарката.

„Во моите младешки денови го добив прекарот Џабар по  презимето на познатиот светски кошаркар, објаснува кандидатот за градоначалник“ .Знаев многу добро да забијам и да постигнам многу кошеви, жалам што сега поради многубројните обврски не можам да бидам активен туку пасивен спортист“.

Петрески е убеден дека ништо во животот не е случајно и дека се е божја воља. Тој е голем верник. Човек кој ја почитува традицијата и верските празници.

Инаку,Петрески е роден во 1964 год во Струга. Дипломирал на техничкиот факултет во Битола. По завршувањето на факултетот се вработил во ЕМО, и постанува најмладиот дитректор на оваа фирма.По кратко време, работните задачи го носат во  Багдат, а по успешното работење таму, во ЕМО го поставуваат за директор на транспорт и механизација. Во оваа фирма успешно работи се до 1998 год. „Тоа е периодот кога ЕМО ги постигна најголемите успеси,тоа е времето кога вработените беа секогаш наградувани„, вели Петрески. По заминувањето од ЕМО во 1998 год.Петрески формира приватна фирма која успешно работи. Во 2003 год. Петрески ја затвора својата приватна фирмата и ја прифаќа помудата на тогашниот грдоначалник да стане прв човек на ЈП Охридско комуналец, фирма која во тој момнет тоне во долгови, а вработените преку штрајкови си ги бараа своите плати. За успешното менаџирање со ова претпријатие Петрески е добитник на награда за една од најуспешните фирми во Македонија, а во 2004г од. Ја добива и  Св. климентовата награда. Во ЈП Охридски комуналац директорува се до 2005 год, кога постанува градоначалник на Охрид.

 

 

 

{loadposition content9}