Skip to main content

Семејството Гигер ја понесе првата награда за најубаво украсен зимски двор

Општина Охрид години наназад ги наградува граѓаните кои ги уредуваат своите дворови во духот на новогодишните празници. Гигерови паричната награда ќе ја даруваат во хумани цели.

 |  Валентина Неловска  | 

Првата награда за најубаво украсен зимски двор и балкон во Охрид ја понесе семејството Гигерови. Зимската, новогодишна бајка повторно царува во семејниот двор на Иванка и Бруно Гигер. Втората награда и припадна на Јована Бандиловска Јовановска , а третата заврши во рацете на Клаудија Арсенова. Семејството Гигер за украсување на својот двор одвојувале секој ден по 3-4 часа во текот на два месеци, а годишно издвојуваат и над 200 евра за купување на нови новогодишни реквизити.Ова не им е прва награда туку тие и се добро познати на охридската јавност. Со својот хуман гест ќе продлжат и овој пат и паричната награда ќе ја даруваат во хумани цели.

Како добитници на првата награда , како и остантите нагарди и овој пат средствата ќе ги донираме. Оваа година ќе ги донираме за г-динот Тачо кој беше на лекување и треба повторно да се упати на лекување,“ вели Иванка Гигер.

Локалната самоуправа со наградниот конкурс ги стимулира граѓаните да се вклучат во украсување на своите дворови и балкони за насекаде низ градот да се шири повесела празнична атмосфера. Игор Бежовски, секретар на општина Охрид, вели дека се радува што на овој конкурс покрај возрасните се вклучуваат и децата .

Ние како општина се трудиме да го украсиме нашиот Охрид колку што можеме повеќе. Се сконцентрираме претежно на централното подрачје каде што најмногу претстојуваат туристите. Но, со поддршка и учество на граѓаните се украсуваат и останатите делови од градот па дури и  периферните делови. Нашиот град е убав, но вака се претвора во Новогодишна бајка“, напоменува Игор Бежовски секретар на општина Охрид.


На конкурсот, оваа година, пристигнале 8 пријави од охриѓани. Комисијата за избор на најубаво украсен зимски двор и балкон со фонд од 20. 000 денари ги распредели за првата награда 10.000 дена, втората 6000 и третата 4000 денари.