Skip to main content

СЕММ: Повеќе медиумска саморегулација отколку државна регулација

Советот за етика во медиумите во Македонија пред охриѓани го претстави принципот на саморегулација во медуимите кој води до поголема професионалност во новинарството. Граѓаните во случај да им се повредени одредени права преку непрофесионално информирање во медиумите, преку напис, прилог или емисија во печатен, електронски или онлајн медиум, можат да поднесат претставка до комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите.

 |  Николоска Биљана  | 
novinari
новинари

novinariСоветот на етика во медиумите на Македонија го претстави концептот на саморегулацијата во медиумите, чија цел е поголема професионалност и етички стандарди во новинарството. Во рамките на ова тело од пред четири месеци работи Комисија за жалби каде што граѓаните можат да поднесуваат претставки за непрофесионално и неетичко пишување или подготвување на прилози или емисии од новинари. Но тоа да не биде подоцна од 30 дена од објавување на написот или емитување на новинарскиот прилог или емисија.

„ Ова тело е трипартитно и е составено од сопственици на медиуми, медумски организации и претставници од јавноста. Сметаме дека доколку луѓето се задоволни од работата на ова тело и доколку се обраќаат до него, можат да се одбегнат непријатните ситуации кога медиумите треба да бидат повикувани на суд и тужени, а на суд, знаете, казните достигнуваат и до 25 илјади евра. Зошто сопствениците да плаќаат  новинарите да бидат казнувани кога во Советот за етика тоа може да се реши со медијација, со извинување или со одлука што ќе биде прифатлива за двете страни“–  појасни Адамчевски.

novinariКако што појасна Адамчески во период од четири-пет месеци колку што функционира Комисијата, пристигнале околу 40 жалби. Најголем дел од нив се однесувале на жалби еден против друг медиум, или на политичари против медиуми. Досега најмал број преставки поднеле граѓаните, па оттука Адамчески смета дека во идниот период граѓаните и НВО треба да посветуваат повеќе внимание на етиката и професионалноста и да се обраќаат до нивните тела. Професорот Сефер Тахири, смета дека со Советот на етика ќе се овозможи поставување на минимални принципи на етичност и професионални стандарди во новинарството.

„Во иднина советот ќе ги зајакне своите капацитети и ќе има поголемо влијание во општеството, се со цел да креираме општествен амбиент, да се почитуваат правилата професионалните стандарди за точност, објективност, што подразбира независно новинарство и етичките норми кои што пропишуваат дека треба да се заштитуваат и човековите права на граѓаните. novinariСметаме дека битно е во моментов да дојдеме до една точка кога јавноста ќе може да ги разликува тие што се н овинари во професијата и тие што се во оваа професија по некоја случајност, но всушност не работат како новинари туку извршуваат некои други функции на односи со јавност, пропаганда, политички маркетинг или други форми на политичко и јавно комуницирање“ – вели проф. Тахири.

Тахири категоричен дека саморегулацијата е процес во кој што новинарите ќе се договараат што е новинарство што е вест, информација,  што не е. Исто така со неа ќе воспостави правила во професијата, во самата фела, без влијание на други државни и политички органи или власта. Тој смета дека медиумите треба да го поддржат концептот, бидејќи  ова не е време на етика а сепак би требало од некаде да се почне. Тахири додава дека независни медиуми се уште се идеал и дека во Македонија а денес имаме полузависни или целосно зависни медиуми, појаснувајќи дека доколку некој поседува приватен медиуми може да прави што сака. На презентацијата на активностите на Советот за етика во Охрид присуствуваа новинари, уредници и сопственици на медиуми, како и претставници на јавни институции и невладини организации.

{loadposition content9}