На 23ти и 24ти септември дератизација во Охрид
Ќе се спроведе системска дератизација на територијата на општина Охрид
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз одлука на Советот на општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на општина Охрид како општа против епидемиска мерка, екипата на Центарот за јавно здравје Охрид ќе спроведе системска дератизација. Истата ќе ги опфати:
стариот дел на градот, населбата Биљанини извори, Гоце Делчев , Воска и Даљан како и по улиците Туристичка, Питу Гули, Железничка, Јане Сандански, 7ми Ноември, Марко Нестороски, Кеј Маршал Тито, Македонски просветители, Момчило Јорданоски и Прва македонска ударна бригада.


