Skip to main content

Серија земјотреси во југозападна Македонија

Серија земјотреси со епицентар на 25 километри северно од Охрид, во подрачјето на Илинска планина, се регистрирани во петок во раните утрински часови.

 |   | 
zemjotres mapa
земјотрес мапа

 

Серија земјотреси со епицентар на 25 километри северно од Охрид, во подрачјето на Илинска планина, се регистрирани во петок во раните утрински часови.

zemjotres mapa

Најсилниот е регистриран во 05:44 часот со интензитет од шест степени според Европската макросеизмичка скала во епицентралното подрачје, во Битола, Дебар, Крушево, Кичево и Охрид со јачина од пет степени, додека во Скопје, Велес, Тетово и Гостивар со интензитет од 4-5 степени. Земјотресот со послаб интензитет е почуствуван и во југоисточна Македонија.


Втор земјотрес е регистриран во 05:49 часот, кој во епицентралното подрачје е почуствуван со интензитет од 4-5 степени, додека во Кичево, Крушево, Битола и други градови во западниот дел на Македонија со интензитет од 3-4 степени според Европската скала.

Третиот земјотрес е регистриран во 07:14 часот, кој е почуствуван со интензитет од три степени во епицентралното подрачје.

Серијата земјотреси следуваат по регистрираниот потрес во четврток околу пладне со јачина од шест степени според европската скала.

{loadposition content9}