Црвен крст Охрид
Сертифицирани 10 нови спасители на отворени води
10 нови спасители на вода на охридското крајбрежје.
Црвен крст Охрид Центар за Безбедност на Вода успешно ја реализираше обуката за спасители на отворени води, на која учествуваа и се сертифицираа 10 нови спасители.

Како што информираат од Црвен крст, програмата опфати теоретски и практични модули од областа на:
-Спасување и извлекување на активни и пасивни давеници од отворени води,
-Употреба на специјализирана и прирачна спасувачка опрема,
– Превентивни мерки за зголемување на безбедноста во и покрај вода,
-Укажување основна и напредна прва помош во итни ситуации.

-Со успешно завршување на обуката, новите спасители се подготвени да дејствуваат ефикасно и одговорно, придонесувајќи за зачувување на животот и зголемување на безбедноста на капалиштата., велат од Црвен крст.


