Каде ќе се контролираат Охридските бродови?
Бродарите до април мора да направат контролен меѓупреглед на пловните објекти.
Бродарите, иако дозволите им важат до 2014 год, на година и пол мора да направат контролен меѓупреглед на своите пловни објекти. Меѓупрегегледот треба да го направи меѓународната групација Бироверирас, но стручните екипи ќе присигнат на покана на сопствениците на пловните објекти.
„До април месец секој од бродарите мора да обезбедат термин и да ги повикаат од Бироверитас за да направат контролен меѓупреглед, бидејќи серификатот е на три годиним, а меѓу прегледот е на година и пол, со толеранција плус, минус шест месеци. Самите бродари ќе си го повикуваат класификациското друштво кој ќе направи контролен меѓу преглед на бродовите“, вели Горан Устијаноски,капетана на капетанија на пристаништа на Македонија.
Прашање кое се наметнува е каде Бироверитас ќе ги контролира бродовите? Во моментов има две решенија. Едното кое го нуди капетанија, а другото локалната самоуправа.
„Ние имаме од страна на државата обезбадено едно место во Радожда од министерството за одбрана. Во комуникација сме со нив и се надевам дека тие преговори позитивно ќе завршат, односно бродовите ќе можат да се сервисираат во Радожда“, вели Устијаноски.
Градоначалникот Александар Петрески вели дека локалната одамна го уочила овој проблем, и нашла подобро решение, поточно локација каде ќе се сервисираат бродовите. Петрески вели дека сиве години локалната силно инвестирала во делот кај Воска, поради што Воска – Грашница добива сосема нов лик. Според него останува реализацијата на урбанистичкиот план во делот кај играчиштето Грашница, место кое е идеално за изградба на марина.
„Во делот кај фудбалското игралиште Грашница ќе се изгради комплетна марина, каде во склоп ќе има еден канал каде ќе може бродовите да се влечат на суво и да се сервисираат и да се прегледуваат што е една од забелешките поради која бродовите неможат да се прегледуваат нема каде да се ваќаат на суво. Без овој систем кој сакаме да го направиме е многу тешко, многу ризично да се прави“, вели градоначалникот Александар Петрески.
Петрески е категоричен дека без оглед на се локалната ќе инвестира во марина во Воска. Тој додава дека покрај марина локалната планира и сите водни спортови да ги пресели на овој простор затоа што нуди соодветни простории и хангари за чување на опремата. „Со завршувањето и на овој проект и со поврзувањето на пешачката патека од Грашница до Канео комплетно ќе бидат завршени плановите за овој дел на Охрид и истиот повторно ќе заживее.
{loadposition content9}