Skip to main content

Шест години постоење за единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, Витаспринг

Од таму велат дека на почетокот охриѓани тешко ги прифаќале здравите производи кои ги нуди Витаспринг, но сметаат дека сега веќе се менуваат навиките.

 |  Мишел Наумоски  | 
vitaspring
витаспринг

На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти.

zdrava hrana Vitaspring„Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на здравата храна, тука кај нас постојано добиваат и бесплатни совети за тоа како да се приготвува оваа храна, и кои се поважни или поневажни работи, се комбинираат некои намирници во здравата храна. Во почетокот, пред шест години, во Охрид беше познато само некои житарици и слични продукти , но денес имаме веќе некои доста напредни увозни производи кои се користат, особено од Далечниот Исток, Јапонија, Кина, Индија, и како зачини, и како чаеви и навистина доста им помагаат на охриѓани.“-вели сопственикот на Витаспринг, Димитар Арнаудоски.

Доколку консумирате здрава храна или доколку сакате да го пробате овој начин на исхрана, од Витаспринг велат и дека ќе ви помогнат со по некој рецепт кој сами по дома ќе можете да го приготвите со цел да извлечете максимум од вашата храна.

{loadposition content9}