Skip to main content

Државeн завод за статистика

Во декември лани во Охрид издадени 6 одобренија за градба

Шест одобренија за градење се издадени во општина Охрид во декември минатата година, објави Државниот завод за статистика. Во Струга, Дебрца и Вевчани општината не издала ниту едно.
 |  инфодеск  | 
одобренија за градба

Шест одобренија за градење се издадени во општина Охрид во декември минатата година, објави Државниот завод за статистика. Како инвеститори на градбите се јавуваат физички лица на три објекти и исто толку деловни субјекти. Планирана е изградба на 133 станови со корисна површина од 7 995м2.

Во општините од регионов, Струга, Дебрца и Вевчани во декември не било издадено ниту едно решение за градба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на државата, во декември 2024 година се издадени 287 одобренија за градење, што е за 2.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 175 (61.0 %) се наменети за објекти од високоградба, 48 (16.7 %) за објекти од нискоградба и 64 (22.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 287 објекти, на 157 (54.7 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (45.3 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 705 станови, со вкупна корисна површина од 59 557 м2.