Сезонски попуст,или трик
Сезонски попуст. Речиси и да нема излог во овој период од годината на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така и колку попустите се реални? Од ОПМ советуваат купувачите да бидат многу внимателни при купувањето.
50 % попуст, 70% попуст, 30 % попуст. Речиси и да нема излог на кој не стои дека производите кои се продаваат се на попуст. Но, дали тоа навистина е така или е само маркетиншки трик со кој продавачите ги намамуваа купувачите да влезат во продавниците и да купат нешто мислејќи дека направиле добра финансиска зделка и заштедиле купувајќи на попуст. Многу често попустите не се реални и не се толкави колку што е назначено на излогот или пак на етикетата. Затоа купувачи, бидете внимателни и не наседнувајте на ваквите предизвици, посебно сега после празниците кога речиси се се нуди на попуст.
Еден месец треба да биде цената што била и после еден месец да се намали. Не смее денес да се стави една цена и утре да се стави попуст. Мора да помине некој временски рок и после тоа да се стави попуст за да не може да се манипулира со купувачите, објаснува Вангел Спироски од ОПМ Охрид.
Друг сегмент е колку стоката што ја купуваме на попуст е квалитетна и со какво потекло е. Посебно треба да се внимава при купувањето техничка стока бидејќи понесени од цената многу пати забораваме да го провериме квалитетот и перформансите на производот.
Ако има некој таков случај да не се задоволни купувачите од квалитетот на стоката или од попустот кој не е реален да го пријават или кај нас во ОПМ или во пазарна инспекција, советува Спироски.
Надзор на продавниците околу правилноста на попустите врши пазарна инспекција. Таа е задолжена да го проконтролира и квалитетот на производот и неговата оригиналност. Многу пати досега во организирани акции е запленета стока со сомнителен квалитет која се продава како оригинал,а продавачите се казнети. Истото важи и за оние кои продаваат стока на попуст, но по нереални цени.