Skip to main content

Сезонско чистење на дното на езерото

Под мотото „Покажи ја твојата љубов и грижа за езерото“, денеска нуркачите од клубот Амфора го чистеа од цврст отпад крајбрежниот појас на езерото од пристаништето до Канео. Проектот е финансиран од Општина Охрид на иницијатива на Градоначалникот Никола Бакрачески.

 |  Николоска Биљана  | 

Од пластика, стакло преку апарати за домаќинство па се до урбана опрема извадија од дното на езерото нуркачите од Амфора. Во рамки на акцијата под мотото „Покажи ја твојата љубов и грижа за езерото“, нуркачите го чистеа  крајбрежниот појас од  пристаниште до Канео. Станува збор за традиционална акција пред летната сезона во која учествуваат сите челнови на Клубот за подводни активности Амфора.

„Целта на оваа акција е да се влијае на свеста на луѓето да не фрлаат. Обично тоа го фрлаат граѓаните на Охрид, целиот отпад не е од туристите туку од охриѓани. Не  можи некој од Скопје килим да фрли или машина за перење пред куќа. Езерото треба да го оставиме на идните генерации и треба да се мисли што се прави спрема езерото“

Од година во година се намалува количината на цврст отпад кој се вади од дното на езерото, што значи дека акцијата за чистење веќе има влијание врз свеста на граѓаните да не фрлаат отпад во езерото, појаснува Балев. Тој потенцираше дека проектот на Клубот за подводни активности комплетно финансиски е покриен од општина Охрид, со огромна заложба на градоначалникот Никола Бакрачески.

{loadposition content9}