Skip to main content

ШК Ласкер

ШК Ласкер организира екипна Бизнис лига во шах

ШК Ласкер Охрид, организира екипна Бизнис лига во шах за вработените во јавните и приватните правни субјекти од подрачјето на Општина Охрид.
 |  инфодеск  |  ,
Шах

ШК Ласкер Охрид, организира екипна Бизнис лига во шах за вработените во јавните и приватните правни субјекти од подрачјето на  Општина Охрид. Целта е развој на шахот, а воедно и дружење и меѓусебно запознавање. Секоја фирма може да настапува само со една екипа, а натпреварите од лигата ќе се играат секој понеделник, во текот на март, април и мај 2025 година, со почеток во 20:00 часот во просториите на клубот во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, по однапред договорен редослед.

Рок за пријавување на екипите со комплетен основен состав и капитен е најдоцна до 25-ти февруари 2025 година, на e-mail: laskerohrid@yahoo.com. Техничка конференција и определување турнирски броеви ќе се изврши на среда, 26-ти февруари во 20:00 часот.

 Покровител на лигата е Општина Охрид, а право на настап имаат сите правни субјекти, приватен и јавен сектор, од подрачјето на Општина Охрид. Судија на натпреварите ќе биде Борис Лушески.