Шабан Салиу во Пештани
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу во посета на Пештани. Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот. Велат дека посетите се чисто поради добивање поени.
И директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу во посета на Пештани. Тој кажа дека состојбата постојано се следи и дека синоќа на критичните места биле поставени вреќи со песок и камења за да ги разбиваат брановите од езерото. Жителите не се сложуваат со директорот. Велат дека посетите се чисто поради добивање поени. Тие додаваат дека стравуваат да не се разболат од заразни болести, затоа што ситуацијата се повеќе излегува од контрола.
„Координативно тело имаме и во селото. Секоја вечер дежураме. Едноставно се плашиме од езерото.“ -додава жител од Пештани.
Стручна екипа од владата е присутна во Охрид со цел да ја следи состојбата со излевањето на реките и езерото. Ситуацијата ја држиме под контрола и потреба од паника не треба да има, смирува директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.
Салиу кажа дека од вчера дирекцијата започнала и со градежни активности во селото Луково, Струшко.
„Се оградува просторот кај патот кој постојано е мета на излевање на реката Дрим. Се прави насип од земја, песок и камења во висина од околу 5 метра. Во иднина ова треба да биде трајно решение против излевање на реката и побезбедно одвивање на сообраќајот, рече директорот Салиу. Директорот избегна да даде одговор на прашањето со колку пари располага дирекцијата и колкави се дневниците на работниците ангажирани за поставување на вреќи со песок.
Според податоците на хидрометеоролозите и во наредниве денови се очекуваат врнежи од дожд. Опасност од зголемување на водостојот не би требало да има, затоа што температуратите ќе бидат значително пониски, па не очекуваме топење на снегот на планините, велат од дирекцијата за заштита и спасување.
Инаку висината на водостојот во Охридското езеро неколку денови не е променет и изнесува 693,99 метри.
{loadposition content}