Skip to main content

Шајн: 4 години разочарувања, нула резултати на Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид, четири години поминаа како да не постоеле локална власт. Нема ниту еден нов крупен проект, нема урбанистички ред, нема туристички развој. Градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ пред четири години им ветија на охриѓани низа проекти кои денес се само празни зборови на хартија. Останаа само разочарувањата, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид, Асен Шајн.

Во обраќањето Шајн посочи на проекти кои биле ветени од ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков, а не се реализирани.

1. Плоштад „Крушевска Република“ – Ветена реконструкција, резултат нула. Просторот е во катастрофална состојба и далеку од уреден. Може да се види само бетон и хаотично поставени плочи.

2. Катни гаражи – Најавени на неколку локации – кај „Ривиера“, кај СВР Охрид, кај „Градски пазар“. Реализација: нула. Сообраќајниот хаос во Охрид е сè поголем, а решенија нема.

Сега пред избори граѓаните добиваат ново ветување дека ќе добијат катна гаража, меѓутоа после 4 години локалната власт нема образ за нови ветувања.

3. Пречистителна станица во Трпејца. Големо ветување кое требаше да го заштити езерото и да им обезбеди подобри услови на жителите. После 4 години, се’ уште не е ниту заполната реализацијата, за шро сведочат самите жители.

4. Велосипедска патека Св. Стефан. Проект кој требаше да донесе развој на туризмот и безбедност на велосипедистите. Четири години подоцна – ниту започнат, ниту некогаш повторно спомнат .

5. Во областа на туризмот од програмата на ВМРО-ДПМНЕ пред изборите имаше големи ветувања, меѓу кои:

-Формирање стратешки сојузи и партнерства со туристичките претставници и поврзување со туристички дестинации во Албанија.

– Еко туризам – мапирање и прогласување на заштитени зони (Галичица, Косел, Студенчишкo Блато).

-Изградба и адаптација на капацитети и плажи за лица со посебни потреби.

– Изградба на pet friendly плажи.

– Развој и промоција на алпинизмот.

Резултат: НИШТО. Ниту еден од овие ветени проекти не е започнат, а уште помалку реализиран, рече Шајн.

Потенцира дека наместо развој, единствено што виделе граѓаните е реконструкција на улица „Македонски Просветители“, проект кој бил 80% завршен од претходната власт и воедно најголемиот успех на актуелната локална самоуправа.

Наместо развој охриѓани живеат во тотален урбанистички хаос досега невиден, дишат најзагаден воздух до сега . Охрид бисерот на Балканов во моментов е еден од најзагадените градови и мета на секаков потсмев кај туристите, додаде Шајн и порача дека сето тоа мора да се промени, дека Охрид е град со душа, кој бара и заслужува сериозна, одговорна и способна локална власт.