Skip to main content

Шајн: Во срцето на нашата програма е визијата за Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО

Во срцето на нашата програма е визијата за Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО, порача денеска кандидатот за Градоначалник од СДСМ и Колаицијата, Асен Шајн. Тој посочи низа капитални зафати, со чија реализација, како што рече, Охрид ќе стане модерен град но воедно ќе ја задржи својата душа, убавина и своето значење.
 |  инфодеск  | 

Време е Охрид да добие нов лик, достоен за неговата историја и културно богатство, порача на денешната прес конференција кандидатот за Градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Асен Шајн.

„ Нашата визија „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ е проект што го ставаме во срцето на нашата програма, затоа што знаеме што значи Охрид за цела држава, а и за светот пошироко. Овој проект значи модернизација со почит кон традицијата. Ќе работиме на тоа Охрид да стане поуреден, почист, со повеќе зеленило, со организиран сообраќај, со повеќе култура и простори за одмор и уживање – но сето тоа без да ја нарушиме неговата автентичност.– кажа Шајн.

Шајн посочи неколку капитални зафати кои ги опфаќа проектот како обнова на старото градско јадро, со автентичен изглед, преуреден кеј и плоштад, со повеќе простор за пешаци и зеленило, уредени, пристапни и чисти плажи, велосипедски патеки за безбедно и еколошко движење, отворена сцена за културни настани, затоа што Охрид заслужува да биде културна сцена цела година.

Сето ова ќе се прави во соработка со УНЕСКО, со стручњаци од земјата и странство, и секако со граѓаните, потенцира Шајн.

„Ќе се консултираме, ќе слушаме предлози, и ќе работиме транспарентно. Овој проект нема само да го разубави Охрид. Тој ќе донесе повеќе туристи, повеќе настани, повеќе живот во градот и нова енергија за сите нас. Време е да покажеме дека знаеме да го чуваме тоа што ни е свето, но и да одиме напред, достоинствено и паметно.– потенцира Шајн.

Шајн ја побара поддршката од своите сограѓани, за како што рече, да го направиме Охрид модерен, но да ја задржи својата душа, својата убавина и своето значење.