Skip to main content

Шeесетина стечајци од Емо ќе бидат материјално обезбедени со новиот Закон за стечајци

Шеесетина стечајци од Емо ќе бидат материјално обезбедени со  новиот Закон за стечајци погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Стечајците ќе примаат месечен надомест откако на иницијатива на охридските пратеници од социјалдемократскиот сојуз беше издејствувано проширување на периодт на стечај за работниицте кои без своја вина останале без работа  од 1995 година до 31 јуни 2017 година.  

 |  Валентина Неловска  | 

Во Собранието изгласан Законот за стечајците погодени од приватизацијата на претпријатија во државна сопственост. Со законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе им се овозможи на околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 7.596 денари. Меѓу нив се опфатени и шеесеттина стечајци од еден од доелите на охридски Емо кои отидоа во стечај во април 2017 година. Стечајците бараа од охридските пратеници да издејствуваат измена на предлог законот и да бидат опфатени и тие. Во владиниот предлог заклучок беше 31 декември 2016 година и стечајците од ЕМо не беа опфатени затоа што тие заминаа во стечај во април 2017 година, напоменува Томислав Тунтев, охридскиот пратеник од редовите на СДСМ. „Поради тоа ние се обидовме со амандман да реагираме и го предложивме. Ние неколку пратеници и како наш предлог закон го променивме датумот на 31 јуни 2017 за да ги обезбедиме 60 -70 наши сограѓани, работници стечајци од Емо, да се стекнат со статус стечајни работници и да користат паричен надоместок“, појаснува Тунтев.


Со овој закон се уредени условите кои треба да ги исполнат тие лица. Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години работен однос, а не стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата и таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава. На денот на стапување во сила на Законот да се на возраст од 52 години, за жени, односно 55 години за мажи. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени над 300 милиони денари, вели Тунтев.


„Со ребаланс на буџетот можеше да се определи само сума од 300 милини денари. Но, по една година ќе се согледаат реалните состојби и со нов предлог буџет за 2019 година ќе бидат исплатени и з аостантите кои во меѓувре,е се стекнале со ова право“, појаснува Тунтев.


Во Собранието Законот е донесен едногласно со 82 гласа „за“ од пратенците од позиција и опозиција. Исправена е неправдата за луѓето кои не по своја вина останаа без средства за егзистенција, напоменува охридскиот пратеник од рдовите на СДСМ Томислав Тунтев.