Skip to main content

Заштита на Охридско Езеро

Шпанија ќе финансира консултантски и инженерски услуги за реконструкција на колекторот

Потпишан Меморандум за соработка и договори за неповратно финансирање на консултантски и инженерски услуги за реконструкција на системот за одведување и пречистување на отпадните води на Охридското Езеро.
 |  инфодеск  | 

Во присуство на амбасадорот на Шпанија Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, директорот на ЈП колекторски систем- Скопје Владимир Алексијоски и директорот на шпанската компанија ИДОМ консалтинг, инженерство и архитектура, Хавиер Фернандез, се потпиша Меморандум за соработка и договори за неповратно финансирање на консултантски и инженерски услуги за реконструкција на системот за одведување и пречистување на отпадните води на Охридското Езеро.

Со тоа се официјализираше поддршката на Шпанската Влада на нашата држава во делот на управување со води, односно заштита на Охридското Езеро и од аспект на УНЕСКО заштитено подрачје со уникатни културни и природни вредности и како значаен воден еко-систем што треба да се зачува за идните генерации.

Проектот се реализира како техничка помош, а целокупната техничка документација ќе биде подготвена во рок од 10 месеци. Министерката Шукова се заблагодари за поддршката што Шпанија и ја дава на нашата држава кон исполнување на европските стандарди на патот кон нејзиното полноправно членство во Унијата, а амбасадорот Гарсија најави продолжување на поддршката и во други области.