Skip to main content

Шпицот на сезоната започна порано, а ќе кулминира за Илинденските празници

Хотелските и капацитетите на приватните станоиздавачи во Охрид солидно исполнети со гости уште од почетокот на јуни за што влијание имаа натпросечно високите температури. Оваа сезона на охридското крајбрежје ги надминува очекувањата и на локалното население и на туристичките работници. Шпицот на сезоната започна порано, а ќе кулминира за Илинденските празници.
 |  Маја Савиќ  | 

Охрид деновиве врие како „во кошница“. Гужвите карактеристични за шпицот на сезоната ова лето започнаа порано. Хотелиерите со прогноза дека оваа сезона веќе е поуспешна од предходната, а голема е веројатноста да биде една од најуспешните во поновата историја на најголемиуот туристички центар во земјава.

„Сезоната во нашиот хотел, а и во Охрид воопшто започна порано на радост на сите хотелиери односно на туристичкото стопанство. Кулминацијата, исто така се случува порано, од 1-ви јули и се уште трае и ќе трае. За среќа ќе биде продолжена туристичката сезона. Мислам дека ќе биде подобра и веќе е подобра од минатата којашто важеше за една од најдобрите би рекол, барем после корона кризата. “ – Тоше Чачороски -х.Силекс.

„Нашите капацитети се максимално пополнети во овој период, такашто до средината на октомври имаме пополнетост до некаде 95%. Мислам дека оваа година, во разговор со колегите од другите објекти, пополнетоста е секаде во иста мера.“ – Зоран Јанчески х. Климетица.

bazen_leto_sileks

Туристите се задоволни од понудата во Охрид.

-Одлично е, одличен е Охрид, Сместувањето е многу добро, вели гостин од соседна Србија.

– Цените во Охрид се попристапни во споредба со европските земји. Бев и во Србија, мислам дека таму за нијанса е поевтино во споредба од Македонија., вели гостин од Лондон.

-Немаме забелешки, се е ок. Прекрасно е. Нам многу ни се допаѓа. Многу ни е убаво овде. Воодушевени сме. Мислевме дека е добро, но сега се уверивме дека е подобро отколку што очекувавме., велат туристи од Словенија.

Калсични туристи со подолг престој и домашните годишноодморци ќе ги има на охридската ривиера до крајот на септември, но сезоната ќе продолжи со балканските кружни тури до ноември.

Охрид чаршија сезона

Кулминацијата на посетеност на Охрид се очекува деновиве, пред почетокот и за време на Илинденските празници.

„ Посебно кога станува збор за посетеноста на Охрид во периодот пред и по Илинденските празници, интересно е тоа што оваа година аранжманите беа резервирани уште пред три месеци. Дали тоа се должи на музичките настани што се случуваат во овај период , а и секако традиционално Охрид во овој периоде максимално пополнет.“ – Зоран Јанчески, х. Климетица.

За Илинденските празници најавени се настани и концерти за сите вкусови од естрадни уметници од земјата и регионот. Оваа сезона Охрид е на концертната мапа со гостувањето на светската мега-ѕвезда Лени Кравиц на 4ти Август на стадионот Билјанини Извори. како дел од неговата европска турнеја “Blue Electric Lights 2024”. За љубителите на класичната музика, до 20 август трае фестивалот Охридско лето.