Што се работи на малиот плоштад кај чинарот?
Националната Установа „Завод и Музеј Охрид“ започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.
Охридскиот завод и музеј започна со извршување на сондажни археолошки истражувања на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид. Целта на истражувањата е да се дефинираат хоризонталната и вертикалната стратиграфија на овој простор и да се одредат понатамошните активности од планираната реконструкција на плоштадот од страна на Општина Охрид, информираат од НУ „Завод и музеј“ од Охрид.
Од установата упатуваат апел до граѓаните, да внимаваат на сопствената безбедност околу позициите на кои се ископува, а во исто време да им овозможат на стручните екипи од „Завод и Музеј“ – Охрид непречено вршење на работите.
Инаку просторот каде се поставени археолошките сонди е заграден.