Skip to main content

Штрајкот во образованието прекинат

Штрајкот во образованието прекинат.

 |  Валентина Неловска  | 
sonk
sonk

Сонк го прекина шатрајкот во образованието.  Претставници на Сонк и Мон седнаа на маса и постигнаа договор.  Во начело се одложени  казните и наградите на наставниците врз основа на екстерното тестирање сè додека не се постигне договор, ќе се продолжат преговорите за висината на платите, има најави од септември да се поедностави  Е-дневник, а поголеми плати за вработените во градинките ќе има врз основа на колективниот договор. Од Сонк се задоволни од договореното. 

штрајк

Но, со  ставот на Сонк  не се согласуваат членовите на регионалниот синдикален одбор  од струшко-дебарскиот регион. Дел од нив кои штрајкуваа изминативе 15 дена за ТВМ изјавија дека не се задоволни од постигнатите договори и нив ги чувствуваат  како  пораз, а не победа и не ги задоволиле нивните очекувања.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков остана недостапен за ТВМ за да го чуеме неговиот коментар за ваквиот став од неговото членство.

Неделков за Радио Слободна Европа, изјавил дека членството со донесувањето на одлуката не било ни најмалку изиграно.

{loadposition content9}