Шумскиот пожар во близина на селото Велмеј повторно се активира
Ветерот повторно го распламти огнот кој вчера надлежните изјавија дека е ставен под контрола.
Состојбата станува алармантна, а жителите се вознемирени, бидејќи огнената стихија е многу блиску до куќите. Теренот е непристапен, а опожарени се над 50 хектари со нискостеблеста вегетација и дабова шума, велат од противпожарната служба.
Авионите на дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучени во гасењето на пожарот според Законот може да летаат само по три часа, кусо изјави директорот на Јавното претпријатие македонски шуми, Нада Митреска. Сите вработените од подружницата Галичица се мобилизирани и на терен, заедно со пожарникарите од ТППЕ Охрид се борат за локализирање на огнената стихија.
Надлежните беа презафатени за поконкретни информации околу справувањето со шумскиот пожар во Велмеј.