Skip to main content

Локална манифестација

Силен одѕив за настанот Купувај локално

Да се зачува традицијата која не е величење на пепелта туку одржување на огнот, е пораката од „Купувај локално“.Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа, а го организираше Студентското собрание при ФТУ. Манифестацијата која се одржа во факултетот наиде на голем одѕив кај локалните производители кои се борат да ги зачуваат традиционалните производи но и кај граѓаните.
 |  Валентина Неловска  | 

Изработувачите и чувари на домашни, традиционални производи и сувенири ги изложија своите производи на манифестацијата „Купувај локално“. Настанот е во рамки на проектот на Локалната самоуправа,а е во организација на Студенското собрание при ФТУ и поддржан од организацијата „Слоу Фуд“. На едно место беа собрани над триесеттина производители на храна, сувенири и рачни изработки од Охрид, Струга и Вевчани. Градоначлникот Кирил Пецаков на свеченото отворање на манифестацијата најави понатамошна поддршка на настанот.


Овој фестивал во иднина, го гледам како уште еден настан кој ќе привлече туристи, а Охрид ќе го промовираме како туристичка дестинација која покрај другите содржини ќе понуди традиционална охридска храна и специјалитети карактеристични за овој регион“, напомена градоначалникот Пецаков.


Професорката Ангела Пасквале од ФТУ и претседател на конвивиумот Слоу фуд Македонија истакна дека целта е да се поддржи локалното производство , преку кое ќе се зајакне локалната економија и ќе се спречи загадувањето на животната средина. Интенцијата е манифестацијата да прерасне во пред новновогодишен саем на некој од плоштадите низ градот каде што туристите ќе ги посетуваат штандовите со наши локални производи, најави Пасквале.

„ Ќе направам обид и напори ова да прерасне во поголем фестивал. Оние кои не дојдоа денеска, кои беа разочарани и недоверливи, да дојдат. Немаме производители на сирење, нема храна , Македонија увезува храна. Мора да ги поттикнеме младите да ги учат занаетите, одредени традиционални начини на производство.Традицијата не е величење на пепелта туку одржување на огнот“, нагласува Пасквале.


На денешната манифестација меѓу 30тината прозиводители беше пристутна и 82 годишната, Љубица Лешоска од Вевчани.Таа ги презентираше своите традиционално, рачно изработени делови од народни носии кои се во изумирање. Баба Љубица е последната ткајачка во регионот пред чии очи се гаси нашата традиција на такење, везење, плетење. Одамна се разделила од разбојот кој го подарила во струшкиот музеј. Тагува што нема работилници и интерес кај младите за да го пренесе знаењето стекнато во раното детство, а наследено од нејзината баба Деспина.


Немаше нешто што незнам да направам од плетење, шиење, ткаење, везење. Член сум во Везилка. Жал ми е што нема кој да ме наследи. Да ви кажам искрено кога ќе умрам земја не ќе ме јаде од тага за оваа носија“, вели со солзи во очите баба Љубица Лешоска.


Во организација на манифестацијата „Купувај локално“ се вклучија и студентите до ФТУ. Игор Пешески од Студенското собрание при ФТУ кажа дека се надева настанот да прерасне во традиција со повеќе штандови. Локалните производители и постарите ќе придонесат да ги пренесат кај малдите и студентите да се зачуваат традицијата која ќе се шири и по која ќе бидеме препознатливи насекаде во светот, вели Пешески.


„Трнлив и тежок е патот да ги натераме производителите да се претстават со своите прозиводи. Тие немаат доволно работна сила и време да одвојат од секојдневните работни обврски , но сме изнендени од големиот денешен одзив.Тешко е да ги собереме и најдеме, но тоа се олеснува со регистерот на локланипроиводители кој е изработен.Сега полесно се менаџира со производителите кои работат локално“, вели Пешески.


На штандовите можеа да се видат најразлични производи изготвени од вредните раце на локалните производители. Изложено беше вистинско богатсво од вкусови на домашен леб и традицоионални тестенини, мед и медни производи, разни видови тардиционачни слатка и колачи, вино, намази, зеленчуци. Изложени беа и охридски бисери, накит, но и сувенири и украсни предмети изработени од различни материјали и техники