Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски за резултатите во првите 100 дена од мандатот
Градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, сподели информација за сè што е реализирано и започнато во општината првите 100 дена од неговиот мандат.
–Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати. Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот. Јас сум еден од Вас. Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање. Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина, напиша градоначалникот во објавата на социјалните мрежи.
Сиљаноски наведе дел од резултатите што, како што вели се постигнати заедно со жителите на општината:
– Воведовме субвенционирање на возачки дозволи за млади до 21 година во износ од 20.000 денари;
– Обезбедивме субвенции за продавници како поддршка за локалната економија 10.000 денари месечно;
– Извршено е чистење на крајпатна вегетација на патниот правец Белчишта – Ново Село;
– Расчистена е вегетација и канали на патниот правец Ботун – Велмеј;
– Исчистена е крајпатна вегетација на потегот Годивје – Врбјани – Лактиње;
– Расчистена е вегетација во с. Требеништа и с. Мешеишта;
– Исчистена е крајпатна вегетација Издеглавје – Слатино;
– Целосно е расчистена дивата депонија во Грко Поле;
– Целосно е расчистена дивата депонија кај „Сини Вирој“ во Белчишта;
– Поставен е нов асфалт на улица „Романка“ во Мешеишта;
– Уредени се банкините на регионалниот пат Ботун – Велмеј;
– Асфалтиран е патот до с. Долно Средорече во должина од 630 метри;
– Започната е реконструкција на улица во Волино до црквата Св. Петка;
– Започната е реконструкција на Домот на култура во Волино;
– Пробиен е нов пат од 600 метри до црквата Св. Атанасиј во Лешани;
– Тампониран е пат во должина од 300 метри во Мешеишта;
– Изградивме базен во Песочани;
– Набавени се грејни тела за училишната зграда во Горенци;
– Реконструирана е оградата на игралиштето во Горенци;
– Уреден е дворот пред здравствениот дом во Белчишта;
– Расчистени се речни корита и канали во повеќе населени места низ општината;
– Извршено е новогодишно уредување пред општинската зграда во Белчишта;
– Традиционално е одбележана Стара Нова Година (Василица) со обезбедена храна и огрев за сите населени места;
– Набавени се униформи за вработените во ЈПК Дебрца;
– Набавени се 480 канти од 120 литри во соработка со Министерството за животна средина;
– Набавена е машина за канализациони системи за потребите на ЈКП Дебрца;
– Обезбеден е камион МАН за собирање смет (донација од Град Виена);
– Обезбедено е возило Фолксваген транспортер за потребите на ЈКП Дебрца;
– Обезбедени се финансиски средства за поддршка на спортските клубови и манифестации;
– Обезбедени се средства за поддршка на културно-уметничките друштва;
– Исплатени се 8.246.582 денари на земјоделците за штета од елементарни непогоди;
– Превземени се обврски на ЈПК Дебрца во износ од 5.500.000 денари за потрошена електрична енергија од пумпни станици;
– Доделуваме 100.000 денари за трето дете и секое наредно новороденче;
– Обезбедуваме 30.000 денари поддршка за склучување брак за лица до 30 години;
– Обезбедуваме 6.000 денари поддршка за склучување брак за лица над 30 години;
– Доделуваме 6.000 денари за секое новороденче;
– Обезбедуваме 30.000 денари помош за семејства погодени од елементарни непогоди, пожари и поплави;
– Овозможуваме еднократна парична помош за лекување;
-Ова не се само бројки, ова се конкретни чекори за стабилна, развојна и достоинствена Дебрца. Но ова е само почеток. Продолжуваме со исто темпо, со уште повеќе енергија и со јасна цел – Дебрца да биде општина со развиена инфраструктура, силна локална економија, чиста животна средина и сигурна иднина за младите, порача градоначалникот Сиљаноски.