Претседателката Сиљановска Давкова ги награди најдобрите студенти – дипломци на техничките факултети
На свечена церемонија на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“- Плаошник, вчера попладне традиционално беа доделени признанијата Инжинерски прстен. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како покровител ги награди најуспешните студенти кои дипломирале на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.
Во своето обраќање на церемонијата на доделување, Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки до добитниците на ова престижно признание, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното приспособување на глобалните дигитални трендови. Во таа насока ја нагласи потребата од заеднички ангажман на државата, на академската и на бизнис-заедницата за осовременување на наставните програми, стипендирање и наградување на успешните.
-„Државата мора да ги поддржува вашите иновациски проекти, да ги поттикнува стартапите и технолошките паркови и да вложува во иновациските екосистеми. Државата има обврска да направи сè што може за да создаде услови вие и вашите колеги, професионално и кариерно да напредувате тука, во нашата заедничка татковина“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Младите инжинери ја имаат задачата и привилегијата за создавање на уште подобри услови за живеење, креирајќи напредни и паметни светови.
„Комората како професионална организација која што ги обединува сите архитекти и инженери во земјава е вашиот иден дом. Ние со нетрпение ја очекуваме вашата младешка енергија, која секогаш внесува динамика меѓу сите инженери, со сите бои на дигиталните трансформации, иновациите и напредните идеи за прогрес во светот, порача Кристинка Чулак, претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери“, рече Кристинка Чулак, претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери
„Вие сега припаѓате на Клубот од 229 најдобри инженери кои денес се успешни универзитетски професори, научници, професионалци и менаџери во компании, како во земјата така и во странство. Дека признанието е доделено на вистинските, достојни за наградата, во овие 21 година сведочат токму нивните успеси“, рече Христина Спасевска, претседателката на Инженерската институција на Македонија, рече Христина Спасевска, претседателката на Инженерската институција на Македонија.
„Инженерски прстен“ се доделува по 21. пат, а годинашни добитници се 15 најуспешни дипломирани студенти од четири државни универзитети во земјава.
Новинар Соња Рилковска