Skip to main content

Претседателски избори 2024

Силјановска – Давкова: Почитувајте го Охрид, без Охрид Македонија нема да биде почитувана

На 9-ти мај ќе го прославуваме денот на победата против фашизмот, денот на Европа и ќе ја славиме Македонија како твоја и горда, порача претседателската кандидатка на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Таа на вчерашниот митинг од охриѓани ја побара довербата и им вети дека нема да ги посрамоти и да ги заборави државните и национални интереси.
 |  Маја Савиќ  | 

За мене Охрид не е само културна метропола, туку и споменик на природата, еден од најубавите градови и дом на европското христијанство, затоа да го чуваме, рече во обраќањето пред присутните на митингот во Охрид, кандидатката за претседател од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, проф. д-р Гордана Силјановска – Давкова.

„Охрид како постар од човештвото треба да ја ужива нашата заштита. Не заборавајте, без Охрид Македонија нема да биде почитувана. Почитувајте го Охрид ако сакате да не почитуваат. Час поскоро активирајте го Универзитетот на Плаошник. Оваа власт не знае што е култура, за неа културата е бизнис. Ама ако започна изградбата во времето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да доврши. “– потенцираше Силјановска- Давкова.

ВМРО ДПМНЕ по овие избори ќе стане реформска како вистински одговор на новото време, порача Давкова.

„ АСНОМ што ќе го славиме годинава, за мене ќе биде не антифашистичко туку антикоруптивно и антикриминално заседание на народното ослободување на Македонија од авторитарната власт. “-рече Давкова.

На 24 април и на 8 мај ќе одлучите дали Македонија како твоја и горда навистина ќе биде проевропска. Ви ветуваме дека нема да ве срамиме и да ги заборавиме државните и национални интереси. Можеме и мораме да зачекориме во четвртиот Илинден којшто ќе означи Република која е правна , демократска , стандардна европска држава, рече Силјановска – Давкова.