Skip to main content

(видео) Силно невреме го зафати охридско-струшкиот регион

Охридската чаршија и кејот брзо се испразнија откако сончевото пладне за многу кратко премина во силно невреме.
 |  инфодеск  | 
nevreme

Силно невреме ги зафати Охрид, Струга и Дебрца. Пороен дожд и грмeжи, проследени со ветер и појава на град. Во делови од Охрид кратко имаше и прекин во напојувањето со електрична енергија.

Охридската чаршија и кејот брзо се испразнија откако сончевото пладне за многу кратко премина во силно невреме.

Засега нема информации за предизвикани штети но повеќе информации се очекуваат по заседавањето на кризниот штаб кој итно го свика Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Oд УХМР информираат дека невремето се движи во правец од југозапад кон североисток. Според прогнозата на УХМР, нестабилно ќе биде и утре, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.