Skip to main content

Поплавени улици

Силно невреме во Белград

Силно невреме во Белград, Нови Сад, Земун, а во Сремска Каменица удар на гром накратко го прекина водоснабдувањето.
 |  инфодеск  | 
Силно невреме во Белград

Силно невреме, со пороен дожд, грмотевици и град попладнево зафати повеќе градови низ Србија.

Невреме ги зафати Белград, Нови Сад, Земун, а во Сремска Каменица удар на гром накратко го прекина водоснабдувањето.

Во Земун паѓа пороен дожд проследен со град. Дел од улиците се поплавени, а водата поплави дел од подрумите во зградите и куќите.

Во Нови Сад од невремето под вода беа неколку градски сообраќајници, а ветрот откорна и дрвја.

Во следните часа поројни врнежи со грмежи, град и невреме се очекуваат во областите Мачва и Колубара, со тенденција да се преместат над јужен Срем и Белград понатаму кон јужен Банат. Врнежите и грмежите ќе се зголемуваат со засилен ветер во источна и во југоисточна Србија (над 20 мм за кратко време) – се вели во најновото предупредување на хидрометеоролошкиот завод на Србија.