Skip to main content

Силувано 14 годишно момче во Дебар

Силувано 14 годишно момче во Дебар. Против 62 годишен дебарчанец, Полициската станица од Дебар поднесе  кривична пријава за сторено казнено дело „Силување“ и одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје.

 |  Николоска Биљана  | 
pedofil debar
педофил дебар

pedofil debar

Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец  при што, и покрај покажаното спротивставување од жртвата тој го присилил и извршил обљуба над малолетното момче.

Нападот го извршил во близина на едно училиште во Дебар.

Од СВР Охрид информираат дека во расветлувањето на ова казнено дело, покрај полициски службеници вклучени биле и стручни лица од Центарот за социјални работи по чија иницијатива, специјалист хирург извршил специјалистички преглед во општата болница во Дебар. 

{loadposition content9}