Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Целта е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации, велат од МВР.
Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се слушаат звуци на користење на огнено оружје.


