Skip to main content

Симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид

Вежбата ја следеа претставници на УНДП-Канцеларија во Македонија, началникот на СВР Охрид, претставници на ЦУК и ДЗС кои беа едногласни за високо оценување на показната вежба.
 |  инфодеск  | 

ТППЕ Охрид – Пожарна во СОСУ Св. Кирил и Методиј – Охрид, а во соработка со СВР Охрид, Црвен крст – Охрид и Центарот за управување со кризи, одржа симулациска вежба за евакуација при земјотрес и пожар, и воедно демонстрира високо ниво на професионализам во справувањето со вакви ситуации.

Високо ниво на професионалност, координираност и ефикасност во дејствувањето покажаа тимовите на Територијалната противпожарна единица Охрид, Секторот за внатрешни работи Охрид, тимовите за прва помош, реалистички приказ на повреди и психолошка прва помош на Црвен крст Охрид, Центарот за управување со кризи-Одделение во Охрид и Дирекцијата за заштита и спасување-Одделение во Охрид вклучени во реализацијата на показната вежба за евакуација при случена елементарна непогода, која се одржа денес во СОСУ Св.Кирил и Методиј во Охрид. Голема присебност и одговорност владееше и меѓу вработените и учениците од СОСУ Св.Кирил и Методиј, при евакуацијата од зградата на училиштето, велат од Црвен Крст Охрид.

Вежбата ја следеа претставници на УНДП-Канцеларија во Македонија, началникот на СВР Охрид, претставници на ЦУК и ДЗС кои беа едногласни за високо оценување на показната вежба.

Од Црвен Крст Охрид изразуваат голема благодарност до сите институции инволвирани во оваа вежба и до УНДП-канцеларија во Македонија за поддршката на активностите поврзани со подготвеност за дејствување при катастрофи и елементарни непогоди.