Skip to main content

Симултана вежба за гасење на запален брод во езерото и спасување давеници

Симултана вежба за гасење на запален брод во езерото и спасување давеници.

 |  Валентина Неловска  | 
брод

Успешно завршена показната вежба на гасење на опожарен брод и на спасување давеници и опожарени лица. Во вежбата учествуваа припадници на територијалната противпожарна единица, брза помош, спасувачките  екипи на Црвен крст, припадници на езерската полиција, Капетанија. Во симулативната вежба учествуваа над 50 лица и покажа дека се подговени брзо и ефикасно да интервенираат при слични несреќи. По оваа вежба ќе следуваат анализи за интервенцијата во насока на што поголема ефикасност при делување во реални ситуации, кажа Зоран Нешкоски од МВР Скопје.
 
брод„Оваа вежба беше сублимат на сите знаења и порфесионачлни и успешно беше изведена пред туристичакат сезона во Охрид, кажа Нешкоски од МВР Скопје.

Во акацијата учествуваа 50 учесници кои покажа дек а делуваат како еден тим, истакна и Стефан  Димоски портпаролот на СВР Охрид.

„ Покажавме како град дека сме подготвени за мирно лето за туристите и капачите кои ќе престојуваат во Охрид ,кажа ДИмсоки

Координираната вежба заврши успешно заради одличната соработка и усогласување на активностите со сите учесници во денешната акција, напомена и Антонио Додески координаторот на одборот за спасување. Додава дека она што го радува е што повеќе од 10 години работат на оваа проблематика волонтерите и професионалците од различнитедржавни служби. Во последните 2-3 години има напредок во таа соработка, а техничката опременост е иста. Додески најави и нова активност која ќе се случи наскоро.


„Воспоставување на 24 часовен систем за дојава на несреќи и на вода и на планина во поширокиот Охридскиот регион. Во следните 2-3 години се надеваме дека ќе бидеме и поопремени  и покординирани и поуспешни во изведување на опретивните акции. За жал се случуваат несреќи  ,а не би сакале да ги има“, ја најави оваа новина како престоен проект Додевски.   

На овој оперативен план интензивно работат од завршување на Адвентур самитот што се одржа во мај годинава во Охрид .Имаат подршка од Свис контакт за три годишен развоен план на овој систем, а се планира и поддршка од Локалната самоуправа и туристичките бизнис субјекти од градот.