Skip to main content

„Сината боја е најтопла“ на кино-репертоарот во Охрид

Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“.

 |  Голабовски Крсте  | 
sina
сина

Од утре на кино-репертоарот на Центарот за култура „Гриогор Прличев“ ќе се прикажува францускиот игран филм  „Сината боја е најтопла“.
 
синаОваа романтична приказна се плете околу Адел, девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема. Ема е студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа.

И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете девојки почнуваат една страсна љубовна врска, при што Адел е принудена да се крие од своето семејство. Приказната почнува да се комплицирани кога Адел вработена како наставник во училиштето каде што се среќава со млад човек.

Овој филм е создаден од романот Џули Маро, “Синиот Ангел”. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал 2013 година во која го доби најголеми овации и критика, а исто така ja освои и Златната палма. Жирито на чело со режисерот Стивен Спилберг.

Проекциите на филмот во „Месецот на киното во Охрид“, се во 19 часот а цената на влезниците изнесува промотивни 50 денари.

{loadposition content9}