Skip to main content

Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски

 Синдикатот на ЕМО побарал средба со премиерот Никола Груевски.

 |  Валентина Неловска  | 

Синдикатот на АД ЕМО  за 26 јануари побарало средба со премиерот Никола Груевски. Од претседателот на Владата ќе бараат решавање на нивните три основни барања, исплата на заостанатите плати и придонеси, решавање на статусот на работниците што понатака со компанијата, како и  исплата на придонесите за стечајните работници за остварување на право на надоместок. Трите основни барања според нив се остварливи доколку има волја на власта , вели претседателот на синдикатот на АД Емо  Миле Крстаноски. Се надеваат дека ќе дојде до  средбата и ќе се најде излез за нивната агонија која  трае веќе 6 -7 години.

миле За резерва има ако не ја оставариме таа сердба ќе преземе активности со протести во Скопје  по 26 јануари, помасовно и поорганизирано“, најавува  Крстаноски.
Претседателот на синдикатот на  АД ЕМО и капитално поврзаните друштва кажувa дека на крајот од минатата година се сретнале со министерот за економија му ги посочиле сите негативни работи во компанијата.Добиле ветување дека ќе формира Комисија која ќе ја преиспита работата на менаџерскиот тим, напоменува Крстаноски.
 
„За жал до денес не формирана таа комисија и не верувам дека е формирана. Можеби се повикани менаџерите на разговор ама  немаме информација“, вели Крстаноски.

синдикат Синдикатот на АД Емо има пододршка од регионалниот и гранковиот синдикат на СИЕР. Тие преземаат активности и со писмени дописи побарале  премиерот  да најде решение за работниците на АД Емо и капиталните друштва, напоменува Драган Цветкоски од регионалниот синдикат.


„ Обезбедување на еден пакет за сите вработени  плати и придонеси како што го направи тоа Владата во два наврати, вработените да имаат сигурна егзистенција во наредниот период додека се обезбеди нивниот статус во АД Емо и капитално поврзаните друштва“, напоменува Цветкоски.
Од регионалниот синдикат му порачуваат на менаџерскиот тим да им обезбедат работа и плати на вработените.  Во моментов во АД Емо  нема  струја и вода, има  испукани цевки, паднати дрва во дворот на компанијата, а менаџерскито тим нема обезбедено работа, вели Крстаноски. АД Емо има околу 180 вработени  и околу   70 стечајни работници кои имаат над 25 години работен стаж  по основ на неплатени придонеси не успеале да оставарат услов за влез  во стечајнат маса за обезбедување на  стечаен надоместок.

{loadposition content9}